недела, 24 ноември 2024

Исчезна туристичка подморница за обиколка на Титаник, потрагата е во тек

Објавено на

часот

Сподели

Крајбрежната стража на Бостон за Би-би-си изјавила дека операцијата за нејзиното пронаоѓање е во тек.

Не е познато колку и дали имало луѓе во подморницата во моментот кога исчезнала.

Малите подморници повремено носат туристи и експерти кои плаќаат за да ги видат остатоците од потонатиот брод Титаник.

Повеќедневното патување до потонатиот брод чини десетици илјади долари, а едно нуркање на Титаник, вклучувајќи го спуштањето и искачувањето, наводно трае околу осум часа. Дејли мејл пишува дека билетот за ова патување чинел 250.000 долари.

Познатиот брод лежи 3.800 метри под површината на Атлантикот. Лоциран е на околу 600 километри од брегот на Њуфаундленд во Канада.

Патничкиот брод, најголемиот во своето време, удрил во санта мраз на своето прво патување од Саутемптон, Британија до Њујорк, САД на 14 април 1912 година. Од 2.200 патници и членови на екипажот загинаа повеќе од 1.500 патници.

Титаник е опширно истражуван од откривањето на потонатиот брод во 1985 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ