понеделник, 21 октомври 2024

Иран: Без американската поддршка, Израел би бил замолчен за неколку дена

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, чија земја ги поддржува палестинските милитанти Хамас во нивната борба со Израел, рече дека „ционистичкиот режим станува беспомошен и збунет“.

Објавено на

часот

Сподели

Во објава на платформата Икс (Твитер), на хебрејски, тој исто така рече дека израелската влада го „лаже“ својот народ кога изразува загриженост за заложниците што ги држи Хамас во Газа, а во исто време ги гранатира областите каде што тие би можело да се наоѓаат.

„Без американска поддршка, Израел би бил замолчен за неколку дена“, нагласи Хамнеи.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахјан во средата предупреди на „тешки последици“ доколку продолжат израелските напади врз Појасот Газа, кои уследија по упадот на Хамас на 7 октомври на израелска територија во кој загинаа 1.400 луѓе, главно цивили.

Претходно, иранскиот претседател Ебрахим Раиси изјави дека потезите на Израел „ги преминале црвените линии, што може да принуди многумина да преземат акција“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ