Пентагон во вторникот потврди дека во напад на американски воен авион биле убиени неколку члена на проиранската милиција во Ирак, која претходно истрелала балистичка ракета со краток дострел врз американскиот и сојузничкиот персонал во таа земја, пишува лондонскиот весник Гардијан.
Тоа беше првпат Соединетите Американски Држави да потврдат напад врз проирански сили во Ирак и врз цели поврзани со Техеран во Сирија, како одговор на зголемениот број напади врз американскиот воен персонал во тие земји.