петок, 18 октомври 2024

Ирак се заканува дека ќе ги прекине односите со Шведска во случај на палење на Куранот

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера ирачката влада ја информираше шведската влада преку дипломатски канали дека ќе ги прекине дипломатските односи со Шведска во случај на ново палење на Куранот“, се вели во соопштението на Кабинетот на премиерот по состанокот со безбедносните претставници.

Шведската амбасада во Багдад е запалена рано утринава за време на демонстрации организирани од приврзаниците на верскиот лидер Моктада Садр, јави агенцијата Франс прес, додавајќи дека инцидентот се случил воочи протестот во Шведска каде што било планирано да биде запалена копија од Куранот.

Околу 20 лица се приведени во Багдад.

Шведското Министерство за надворешни работи соопшти дека персоналот на амбасадата е безбеден.

Упадот во амбасадата во Багдад следеше откако шведската полиција одобри собир во Стокхолм за денеска. Организатор е Салван Момика, ирачки бегалец во Шведска, кој планира да запали копија од Куранот и ирачкото знаме пред ирачката амбасада.

Салван Момика веќе запали неколку страници од копија од Куранот на 28 јуни пред најголемата џамија во Стокхолм за време на Курбан Бајрам, празник што го слават муслиманите ширум светот.

Тој инцидент ги натера приврзаниците на верскиот водач и политичар Моктада Садр да упаднат во шведската амбасада во Багдад на 29 јуни. Тие влегоа во амбасадата, останаа таму неколку минути, а потоа заминаа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ