понеделник, 21 октомври 2024

Ирачкиот премиер: Нападите на САД на ирачката војска ќе доведат до „неодговорна ескалација“

Нападите на Соединетите Американски Држави на позициите на ирачката војска ќе доведат до „неодговорна ескалација“ и ќе го наруши суверенитетот на земјата, се наведува во соопштението на кабинетот на ирачкиот премиер Мухамед Шиа ал Судани.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

САД вчера соопштија дека извршиле напади на три објекти поврзани со милиции поддржани од Иран, според соопштение на Пентагон.

Ирак таквите операции ќе ги смета за „агресивни акции“ кои ги поткопуваат годините соработка, се додава во соопштението на ирачката влада.

„Овие прецизни напади се директен одговор на низата ескалирачки напади на милициите кои ги спонзорира Иран врз американскиот и коалицискиот персонал во Ирак и Сирија“, соопшти американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

Воениот портпарол на Катаиб Хезболах Џагар ал Хусеини порача дека групата ќе продолжи да ги напаѓа „непријателските бази“ до крајот на израелската окупација во Газа, истакнувајќи ја како причина американската поддршка на израелската војна во палестинската енклава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ