недела, 24 ноември 2024

Инженери на Македонија се за државна сопственост на столбовите на македонскиот енергетски систем

Не – за распродажба на македонските енергетски потенцијали на странски и домашни приватни инвеститори. Да – за македонска државна сопственост на столбовите на македонскиот енергетски систем, се вели во денешното соопштение на здружението Инженери на Република Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

За Инженери на Македонија неприфатливо е тактизирањето со поднесувањето на подготвените и поткрепени со докази кривични пријави за бројните злоупотреби во енергетиката за кои во минатото се известуваше од партиските говорници: криминална набавка на јаглен, набавка на адитиви, реконструкција на цевен систем, тендерската документација за Чебрен, договорот со „Митилинеос“…,

Ова здружение беше многу активно во спречувањето на реализацијата на штетните енергетски договори познати кај јавноста како Чебрен и когенеративна постројка „Митилинеос“. Инженерите на Македонија велат дека ги следат приликите во енергетиката во Македонија, дека се наѕираат контурите на активностите кои се планираат од новата власт и опозицијата, па повторно се јавуваат со одредени укажувања.

„Неприфатливо е уништувањето на државното производство на струја за сметка на приватното, со упатувањето на ЕСМ кај комерцијалните банки за земање заем.

Го осудуваме непреземањето на итни мерки за воспоставување на домаќинско работење во сите делови од енергетиката кое деновиве резултира со најави за неопходност од поскапување на цената на струјата, а со тоа последователно поскапување и на мноштво производи за широка потрошувачка, со што се задава нов удар на стандардот на населението.

Изразуваме разочарување од непримената на системот на заслуги според вредностите („мерит“ системот) при изборот на кадри во државните енергетски компании.

Ги поздравуваме активностите на новите опозициски структури за актуелизирање на коруптивните активности во државните енергетски компании и бараме од надлежните институции брза и ефикасна реакција за справување со таквите состојби“, се вели во соопштението на Инженери на Република Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ