сабота, 20 јули 2024
Лига на шампиони

Инзаги: Заслуживме повеќе, не ми е јасно како топката не влезе во голот

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалерите на Интер одиграа одличен меч, имаа неколку големи шанси за да постигнат гол, но не успеаа, Манчестер Сити со гол на Родри дојде до трофејот.

„Честитки за моите фудбалери. Тие беа одлични, одиграа одличен меч. Го загубивме финалето кое сакавме да го добиеме по секоја цена, но тие мора да бидат горди. Не би ги менувал овие фудбалери за никои други, целио свет виде зошто. Имаме за што да жалиме, но мора да бидеме горди“, вели Инзаги.

„Нормално е да жалиме. Поразот е најлошата работа во спортот. Во исто време фудбалерите треба да бидат горди на сезоната и на перформансите во финалето. Одигравме против голем противник и јасно е дека не заслуживме да загубиме“.

„Сакам да го гушнам секој фан на Интер поединечно, исто како моите фудбалери. Тие беа фантастични, тие се секогаш тука за нас“.

„Ова е фудбал, ова се оние разочарувања кои ве тераат да напредувате. Се уште се чудам како можно да не дадеме гол на крајот. Јасно е дека заслуживме повеќе“.

„Ова финале би можело да биде гориво за да се обидеме следната сезона. Тимот демонстрираше дека може да игра на ова ниво. Имавме многу шанси на крајот, заслуживме повеќе. Тоа беше нашиот план на игра и можевме и уште подобро“.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ