недела, 14 јули 2024

Интерактивна книжевна средба со францускиот писател Матијас Енар

Интерактивна книжевна средба со еден од најзначајните француски писатели и лауреат на Гонкуровата награда, Матијас Енар, вечер ќе се одржи во просториите на Европска куќа во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје под мотото „Најдоброто од Франција“.

Објавено на

часот

Сподели

Матиjас Енар е реномиран француски писател и преведувач и добитник на бројни книжевни награди, меѓу кои и најпрестижната француска книжевна награда, Гонгуровата награда. По образованието во Школата Лувр, заминува да студира арапски и персиски во INALCO (Институт за студии на ориентални јазици). По долгиот престој на Средниот Исток, во 2000 година, се сели во Барселона. Таму уредува неколку списанија од областа на културата. Исто така, членува во редакцијата на списанието „Inculte” во Париз а, во 2010 година, предава арапски јазик на Универзитетот во Барселона. „Совршен истрел” е неговиот прв роман, објавен во 2003 година.

Романот „Бусола“, за којшто тој ја доби Гонкуровата награда во 2015 година, е објавен од „Антолог“, во превод на Владо Ефтимов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ