вторник, 22 октомври 2024

Институтот за истражување на војната: Путин создава нова голема воена организација, контратежа на НАТО

Реториката на рускиот претседател Владимир Путин за евроазиска безбедносна коалиција е дел од планот на Кремљ за формирање група земји блиски на Москва кои сакаат да им се спротивстават на амбициите на Западот и НАТО, објави американскиот Институт за проучување на војната.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Проценката на аналитичката група од Вашингтон следи по посетата на Путин на Северна Кореја која, според изјавата на еден западен безбедносен аналитичар за Њузвик, „го продлабочил веќе интензивираниот однос меѓу Москва и Пјонгјанг“.

Путин во петокот кажа дека Москва е подготвена да разговара за евроазиските безбедносни прашања со организацијата СЦО која ја предводат Русија и Кина, со Заедницата на независни држави и Евроазиската економска унија, како и со земјите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка, Иран, Египет, Етиопија и Обединетите Арапски Емирати).

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средбата на министрите за надворешни работи во Алмати во Казахстан кажа дека Москва планира да формира „евроазиска безбедносна организација“ која би го заменила евроатлантскиот безбедносен систем.

ИСВ наведува дека Лавров веројатно мислел на настојувањата на Москва да ја засили соработката со Здружението на држави на југоисточна Азија (АСЕАН) по посетата на Путин на Виетнам.

Американската аналитичка група смета дека Путин и неговите функционери веројатно ќе се обидат да ги истуркаат напорите да се формира коалиција „која ќе се постави како алтернатива на НАТО“. „Ова е дел од планот на Кремљ да формира група земји кои ќе дејствуваат како алтернатива на Западот и контратежа на НАТО“, додава ИСВ.

Од почетокот на конфликтот во Украина Путин повикува на оддалечување од „глобалниот и економски политички систем со кој доминира колективниот Запад“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ