петок, 18 октомври 2024

Инспекторатот утврдил дека се незаконски отказите во ЈП Комунална хигиена Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Соработката помеѓу ССМ и ДИТ воспоставена на највисоко ниво, дава резултати во интерес на работниците и ССМ ја поздравува брзата реакција на инспекторатот.

СУТКОЗ и ССМ очекуваат уште денеска вработените да се вратат на работните места.

СУТКОЗ и ССМ изминатиот период укажуваа дека раководството на Комумална хигиена Скопје треба да го почитува законот и колективните договори и дека постапките кои се преземаат се ништо друго туку реваншизам кон работниците за нивната синдикална борба.

ССМ апелира на дијалог помеѓу СУТКОЗ и раководството на Комунална хигиена Скопје.

Отказните решенија беа донесени од страна на директорката Косана Мазнева по штрајкот на почетокот на месецот на дел од вработените во ЈП Комунална хигиена – Скопје кои беа незадоволни од решенијата за отказ за кои Мазнева трвдеше дека се работи за лица кои воопшто не доаѓале на работа.

„Како може некој да се охрабри да не доаѓа на работа и со години да опструира еден цел работен процес зашто му текнало дека триесет години е постојано во трета смена и тие замислил дека во трета смена можат цел живот да работат. Третата смена да им ја предадат на своите синови, на своите деца, на своите внуци, фамилијарно. По што е таа трета смена толку многу интересна за да бидат фамилијарно поврзани кланови, да имаат привилегија да бидат 30-40 години само трета смена. Зошто органите на прогонот исто така не се запрашаат што е толку интересно во трета смена. Дали се работи само за 35 % што се добиваат како награда за ноќен труд или има и нешто друго“, изјави тогаш Мазнева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ