Прометот во индустријата на странските пазар, пак, е намален за 11 отсто на годишно ниво, за 15,4 отсто на месечно и за 11,5 отсто во првите четири месеци од годинава во споредба со истиот период од 2023 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,8 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,9 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,7 отсто, додека опаѓање од 23,2 отсто има кај Капитални производи.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 13.4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,4 отсто, додека опаѓање има кај капитални производи за 6,2 отсто и кај трајни производи за широка потрошувачка за 7,5 отсто.
Прометот во индустријата, пак, на странските пазари во април 2024 година, во однос на април 2023 година има пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 8,4 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 13 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,4 отсто, додека опаѓање има кај капитални производи за 23,5 отсто.