недела, 24 ноември 2024

Индија реагираше на американските критики: „Нашиот став е јасен и целиот свет го разбира тоа“

Објавено на

часот

Сподели

Запрашан во интервју за Вол стрит журнал за критичките коментари во САД дека Индија не зазема построга линија во однос на руската инвазија на Украина, Моди одговори: „Не мислам дека таа перцепција е широко прифатена во САД“.

„Ставот на Индија е многу добро познат и го разбира целиот свет. Светот верува дека мирот е главен приоритет на Индија“, рече тој.

Нарендра Моди замина во официјална посета на САД во вторникот, која се очекува да биде пресвртница во билатералните односи, со фокус на зајакнувањето на соработката во областа на одбраната и високата технологија.

Њу Делхи одбива да го осуди својот стар сојузник Русија за војната во Украина и ја подигна трговијата со Москва на рекордно ниво, најмногу благодарение на увозот на руска нафта.

Претседателот Џо Бајден сака да ги зајакне врските со Индија како дел од напорите да се добие, како што тој го нарекува судирот меѓу слободните и автократските општества, со посебен фокус на Кина.

Моди повика на реформа на глобалните институции како ОН, за тие да одговараат повеќе на „мултиполарниот светски поредок“ и во поголема мера да ги претставуваат посиромашните земји, пишува весникот.

Индија сака да стане постојана членка на Советот за безбедност на ОН. „Светот треба да праша дали Индија сака да биде таму“, изјави Моди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ