вторник, 22 октомври 2024

Индија: Најмалку 50 лица загинаа кога патнички воз се судрил со товарен воз

Објавено на

часот

Сподели

Претставниците на Југоисточната железница, кои зборуваа под услов да останат анонимни, рекоа дека стравуваат дека бројот на жртвите може да биде многу поголем.

„На местото на несреќата во тек се спасувачки операции, а на настраданите им се пружа секаква можна помош“, изјави индискиот премиер Нарендра Моди, пренесе Ројтерс.

„Ова е тешка несреќа“, изјави главниот секретар на Западен Бенгал за новинарите.

Претставниците на Југоисточната железница, кои сакаа да останат анонимни, рекоа дека стравуваат дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем, но не го открија бројот на загинатите.

Возот „Коромандел експрес“ кој сообраќа од Калкута до Ченај, излета од шините и заврши на спротивната пруга, а многу луѓе сѐ уште се заробени, се вели во извештаите.

„Во моментов не можам да коментирам за деталите и информациите за жртвите. Бев во Делхи и брзав кон местото на несреќата“, изјави за Ројтерс Арчана Џоши, генералната директорка на Југоисточната железница.

Таа додаде во изјавата дека голем број повредени се префрлени во болниците.

„Спасувачките екипи на железницата веќе стигнаа на локацијата. Помошта и спасувањето се во тек“, додаде таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ