Најпрво Лукаку заработи црвен картон поради неговото недолично радување кон навивачите на Јувентус откако го даде голот од пенал во 94. минута.
Кога судијата означи крај, почна мешаница на теренот, а најжесток беше Хандановиќ кој тргна да го тепа Квадрадо. Реагираа другите присутни и не дозволија да се случи тепачка, но двајцата добија црвени картони.