недела, 24 ноември 2024

Инцидентите во Амстердам не ја предомислуваат Франција, Израел ќе гостува во Париз

Франција на 14 ноември во четврток ќе биде домаќин на Израел во Париз во меч од Лигата на нации, тоа е натпревар од висок ризик за кој се ангажирани најмалку 2.000 полицајци.

Објавено на

часот

Сподели

Навивачите на Макаби Тел Авив синоќа предизвикаа големи нереди во Амстердам по кои изедоа ќотек, а Израел прати авиони за да ги прибере дома.

По нередите во Амстердам се постави прашањето дали е паметно Франција во Париз да биде домаќин на Израел со оглед на бројот на муслимани кои живеат во овој град, но и општото расположение на Французите.

Во вторникот на мечот меѓу ПСЖ и Атлетико Мадрид, навивачите на домашниот тим извадија огромно знаме преку целата трибина на кое имаше напишано „Ослободете ја Палестина“.

Јавноста стравува дека во четврток ќе има големи нереди кога ќе гостува Израел, но властите не се откажуваат.

„Франција нема да се повлече од организирање на натпреварот затоа што тоа би значело повлекување пред заканите со насилство и антисемитизмот“, пишал францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретаиле на мрежата Х.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ