вторник, 22 октомври 2024

Им избегале на полицајците ама излетале од патот, полицијата уапси двајца криумчари на мигранти

Објавено на

часот

Сподели

Како што денеска соопштија од МВР, А.Џ. се сомничи дека со патничко возило „мерцедес“ со словачки национални ознаки, превезувал 10 лица мигранти од Сирија, а М.С. со патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки бил претходница на возилото на А.Џ.

„Имено, околу 16.20 часот на автопатот А1, кај клучката Смоквица, полициски службеници дале знак за запирање на возилото „мерцедес“ со словачки национални ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење. Набргу, кај местото викано „Раскрсница Миравци“ возачот изгубил контрола, излетал од коловозот, по што побегнал. Притоа, во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, кои биле смeстени во Прифатно – транзитниот центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка. По преземени мерки, во 19.20 часот кај Удово, лицата биле пронајдени и лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, појаснуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ