недела, 14 јули 2024

Илон Маск денеска ќе се сретне со израелскиот претседател

Објавено на

часот

Сподели

Кабинетот на претседателот соопшти дека за време на средбата Херцог ќе ја нагласи потребата од борба против растечкиот антисемитизам на интернет. На состанокот се очекува да се приклучат и претставници на семејствата на заложниците кои ги држи Хамас.

„Тој ќе зборува за ужасите од терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври и за трајната болка и неизвесност поради заробените членови на семејствата“, соопшти кабинетот на претседателот.

Маск неодамна предизвика жестока реакција поради својата поддршка на антисемитска објава на Икс во која се обвинуваат Евреите за поттикнување омраза против белите луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ