вторник, 22 октомври 2024

Илјадници борци од ирански фракции подготвени да дојдат да се борат против Израел

Во случај на поширок конфликт, илјадници борци од иранските милитантни фракции се подготвени да дојдат во Либан за да ѝ се придружат на милитантната група Хезболах во борбата против Израел, според официјални лица и аналитичари на иранската фракција.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Од почетокот на конфликтот во Појасот Газа меѓу палестинската милитантна група Хамас и Израел, речиси секојдневно, долж либанската граница со северен Израел се разменува оган меѓу силите на проиранската милитантна група Хезболах и Израелските одбранбени сили (ИДФ), пренесува Ал Џезира.

Ситуацијата во северниот дел на Израел се влоши овој месец откако во израелски воздушен напад загина висок воен командант на Хезболах во јужен Либан. Хезболах возврати со истрелување стотици ракети и дронови со експлозив во северен Израел.

Израелските власти се заканија со воена офанзива против Либан доколку Хезболах не се повлече од граничниот појас со Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ