вторник, 22 октомври 2024
Честитка до премиерот

Илинден-Тирана побара Мицкоски да ги развива врските на државата со Македонците во Албанија

Македонското друштво „Илинден”- Тирана упати честитка до Христијан Мицкоски за изборот за претседател на новата македонска влада изразувајќи очекување за продолжување на напорите за јакнење на врските на Македонците од Албанија со матичната македонска држава.

Објавено на

часот

Сподели

„Македонско друштво Илинден-Тирана, како најголемо друштво кое ги брани интересите на Македонците во Република Албанија, со нетрпение очекува да соработува со вас и вашата администрација во напорите за зајакнување на врските помеѓу Македонците од Република Албанија и матичната држава Република Македонија. Ви благодариме за Вашата претходна поддршка во клучни моменти за Македонците во Република Албанија“, се наведува меѓу другото во честитката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ