вторник, 22 октомври 2024

Икс на Маск изгуби половина од вредноста за една година

Платформата Икс значително ја загуби вредноста откако милијардерот Илон Маск ја купи под името Твитер пред една година, објавија американските медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

Магазинот Форчун и финансиската новинска агенција Блумберг објавија дека, при доделувањето на акциите на вработените, Икс била проценета на вкупно 19 милијарди долари.

Маск плати околу 44 милијарди долари за Твитер во октомври 2022 година. Оттогаш, Маск ја преименува мрежата во Икс и рече дека сака да ја изгради платформата како мултифункционална апликација, вклучувајќи финансиски услуги.

Платформата се бори со значителен пад на приходите од реклами по преземањето на Маск.

Маск неколку пати изјави дека приходите се половина од она што биле порано.

Многу компании ја избегнуваат Икс како рекламна платформа бидејќи се плашат од негативното опкружување за своите брендови.

Маск се обидува да ја пополни празнината со приходи од претплата.

Дополнително, за преземањето зеде заеми од околу 13 милијарди долари кои сега ја оптоваруваат платформата Икс и собираат камати од околу 1,2 милијарди долари годишно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ