петок, 18 октомври 2024

ИДФ ги проширува операциите на југот на Појасот Газа

Израелските војници ги прошируваат своите операции во областа околу Кан Јунис, јужно од Појасот Газа, потврдија денеска на Икс Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Војниците елиминираа десетици терористи во воздушни напади, тенковски оган и копнена акција“, соопшти ИДФ за борбите во четвртокот.

Десетици терористи на Хамас беа елиминирани во повеќе судири во северниот дел на Газа, додаде ИДФ.

Според израелски извори, се верува дека лидерите на Хамас се кријат во тунели во областа Кан Јунис, каде што ИДФ во моментов ги концентрира своите сили. ИФД им порача на жителите да се упатат кон Рафа, југозападно од египетската граница.

ОН предупредуваат на тешка хуманитарна ситуација во време кога во Каиро се очекува делегација на Хамас, која е наведена како терористичка организација во САД и ЕУ, каде треба да се разговара за египетскиот предлог за прекин на огнот.

Во текот на ноќта, многу жители се упатија во Рафа во потрага по засолниште во тој град на границата со Египет, но тој претрпе нови бомбардирања, па жителите пребаруваа во купиштата урнатини во потрага по преживеани.

Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) објави дека израелската армија пукала врз еден од нивните конвои за помош што се движел по одредена рута од северот на енклавата.

„Нашиот шеф на меѓународниот конвој и неговиот екипаж не се повредени, но едно возило е оштетено“, изјави директорот на УНРВА на Икс Томас Вајт. „Хуманитарните работници никогаш не треба да бидат цел“, рече Вајт.

Според него, инцидентот се случил во четвртокот попладне. Оваа информација за АФП ја потврди израелската армија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ