четврток, 18 јули 2024

И Вучиќ се сврте против Пикси: Плаќаме многу, граѓаните заслужуваат подобро

Се чини дека Драган Стојковиќ – Пикси ќе биде сменет од селекторската позиција, српската јавност и дел од фудбалерите се против него, а гласот го крена и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Објавено на

часот

Сподели

„Што ќе биде со селекторот на репрезентацијата на Србија? Тој рече дека ова е спорт и не можете да очекувате дека сигурно ќе се пласирате во следното коло“, новинарка му го постави ова прашање на Вучиќ, а тој одговори:

„Па да спорт е, се е спорт. Само што ние дадовме многу пари за тој спорт. Многу вложивме, па луѓето од Србија заслужуваат подобри резултати“, вели Вучиќ.

„Не е проблем да загубите од Англија која е лоша. Не е проблем да загубите од Германија, Шпанија… Но проблем е кога ќе загубите од Словенија која чини трипати помалку од тимот на Србија, кога играч кој има плата од 5.000 евра во Целје ви дава голови, затоа што нема кој да го чува“.

„Има безброј проблеми. Ние не сме банана држава која ги решава проблемите за еден ден или преку ноќ водена од емоции. Но, сосема сум сигурен дека, како во ракометот, така и во фудбалот, особено поради фактот дека многу пари вложуваме во инфраструктурата, па ако сакате и во плати на функционерите на Фудбалскиот сојус и селекторот, граѓаните на Србија заслужуваат подобри резултати“.

„Иако ќе ви речат дека тоа се пари од УЕФА, оставете ги тие приказни“.

Српските медиуми пишуваат дека се подготвуваат големи промени, ќе биде сменет селекторот, но и многу од луѓето во Фудбалскиот сојуз на Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ