вторник, 22 октомври 2024

И вчера гореа депонии, активен еден пожар во Велешко

Еден пожар е активен утринава меѓу селата Отишино и Оризари во Општина Велес каде гори ниска вегетација. Пожарникарите од Велес вчера интервенирале со три противпожарни возила и 11 пожарникари, а утринава, според информациите на Центарот за управување со кризи, ќе продолжат да дејствуваат.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се 13 пожари на отворено од кои една третина биле на повик за гаснење депонии.

„Вообичаено тие диви депонии се до населби и освен што од нив може да се прошири пожарот, дополнително опожарените диви депонии и ѓубришта го загадуваат амбиенталниот воздух, особено во градовите каде што е веќе загаден воздухот. Такви примери имаме на повеќе места, а вчерашен пример, од сношти, е хроничниот проблем со палење на дивата депонија Вардариште во скопската Општина Гази Баба. Граѓаните кои гравитираат во тој скопски реон, со право реагираат дека многу често се пали и претставува опасност за пожари во околината, а дополнително го загадува и воздухот во скопската котлина. Апелираме до граѓаните да не палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и сува вегетација во природата“, се наведува во утринската информација од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ