вторник, 22 октомври 2024

И покрај договорот за Украина, европските средства за Унгарија остануваат замрзнати

Фондовите на Европската Унија за Унгарија ќе останат замрзнати, без оглед на тоа што е постигнат договор за помош на Украина, кажал за Ројтерс неименуван европски дипломат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој додал дека е проценето дека Унгарија сепак не ги исполнува своите обврски со кои би стекнала право на добивање на фондовите на ЕУ.

Во претходните месеци во ЕУ немаше согласност за помошта за Киев, а најмногу се противеше унгарскиот премиер Виктор Орбан кој во декември минатата година стави вето.

Поради цврстиот став на Унгарија европските функционери ја разгледуваа опцијата на Будимпешта да ѝ се укине правото на глас или да ѝ се прекине финансиската поддршка.

Денес сепак беше постигнат договор на вонредниот самит на ЕУ, па сите 27 членки го одобрија дополнителниот пакет за поддршка на Украина од 50 милијарди евра во рамки на буџетот на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ