сабота, 19 октомври 2024

И пак истата состојба – ѓубре и цврст отпад околу контејнерите

Објавено на

часот

Сподели

„Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатите неколку дена вршеше дежурства и надзор на улицата Петар Манџуков во близина на пазарот во скопската општина Бутел, како и на уште неколку локации каде што е забележано континуирано непрописно
одлагање отпад надвор од наменски поставените садови во општините Карпош и Чаир. Изготвени се и повеќе едукативно-информативни записници за лица коишто се затекнати при одлагање
кабаст и градежен отпад на јавни површини во општините Аеродром и Гази Баба.

д

Од почетокот на неделава, екипите на претпријатието подигнаа вкупно 50 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани зад Народната банка, на улицата Бајрам Шабани- во близина на ООУ “Тефејуз”, како и на повеќе локации во населбата Скопје Север.

дс

ЈП Комунална хигиена-Скопје деновиве реализираше и комплетно миење на сите полуподземни контејнери поставени на шест локации во општината Карпош, вклучително со нивните микролокации“, се вели во соопштението на Комунална хигиена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ