петок, 18 октомври 2024

И Мостот на револуцијата е во ризик, кабли висат и се на дофат

Објавено на

часот

Сподели

Мостот на револуцијата му е практично сосед на мостот Беласица, кој се запали можеби од огнот со кој се грееле бездомници што тука нашле покрив над главите. Овој мост пак, го поврзува центарот на Скопје од двете страни, од правецот на Веро џамбо и од правецот на МАНУ и МКЦ. Изграден е во 1963 година, реконструиран е пред 12 години. Се нарекува и Мост на љубовта, поради обичајот љубовни двојки да закачуваат катанци како симбол на својата врска, во поново време е именуван и како Мост Мајка Тереза.

ас

Страшно е и да се помисли каков сообраќаен метеж би настанал во Скопје кога и овој мост би бил затворен, имајќи предвид дека двата моста поврзуваат дел од градот каде што сообраќајот е исклучително фреквентен. Центарот на Скопје од страна на Веро џамбо се поврзува со Бит-пазар и Чаир, а другиот мост ги поврзува страната на Скопје откај Железничка станица со делот кај Ист гејт кон Автокоманда и кон тој североисточен дел на Скопје. 

ф

Треба да се има предвид дека ноќе кај Мостот на револуцијата е доста фреквентно, па и под самиот мост, зашто се работи за локација од МАНУ кон МКЦ и МРТВ, која некои ја нарекуваат „зона на црвените фенери“ и каде што понекогаш може да се забележи запален оган, кој некого го стоплува.

Искуството со мостот Беласица вели дека огнот ги зафатил струјните, телекомуникациските и други типови кабли, од што се развила температура повисока од 1.000 степени, поради што е можно челичната и бетонската конструкција да ги загубиле еластичноста и статиката.

фд

Резултатот е еден мост помалку во главниот град, кој „плаче“ за уште мостови. Еден мост се гради одамна и треба населбата Аеродром со околу 90 илјади жители да ја поврзе преку Ќерамидница со делот од Скопје од другата страна на Вардар. Тоа би значело огромно растоварување на сообраќајот.

Додека тој нов мост не биде готов, а мостот Беласица не биде оспособен за употреба, сообраќајот во Скопје ќе биде пооптоварен од кога било.

П.Џ. 

Фото: МКД.мк

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ