Граѓаните се жалат дека евтиниот бел леб го има сè помалку по продавниците. Маркетите се жалат дека ги намалуваат нарачките затоа што не се снаоѓаат со стоката што им останува, на која им поминал рокот на траење.
„Повеќе не добиваме повратници и набавуваме помалку млеко, јогурт, павлаки… Равтовите ни се полупразни и сè што е расипано и со поминат рок се фрла, не ни ги земаат добавувачите како порано. Вака и нашите загуби се зголемуваат, па затоа и внимаваме со нарачките за да се намали стоката што треба да ја фрлиме“, вели сопственичка на еден скопски маркет.
Истовремено, велат трговците, се развива црниот пазар со препродавање на стоката со поминат рок.
Во Законот за нефер практики прецизно се наведени 26 трговски практики кои со измените во септември се забранети, а се однесуваат на односите меѓу трговецот и добавувачот.
„Ги враќа на добавувачот непродадените земјоделски и прехранбени производи кои се испорачани без да ги плати или без да плати за отстранување на тие производи“, пишува во една од тие 26 трговски практики.