недела, 6 октомври 2024

И Африм Гаши летна за Вашингтон

По реакциите на ДУИ и на Алијанса за Албанците на Зијадин Села дека делегацијата од Македонија што одлета за Вашингтон е моноетничка и дека Албанците се избришани од НАТО, од Вреди информираа дека и претседателот на Собранието Африм Гаши утринава тргнал за Вашингтон.

Објавено на

часот

Сподели

За ова патување на претседателот на Собранието немаше никаква официјална информација. Неговото име не беше и на официјалниот список на државната делегација за самитот на НАТО.

„На самитот на НАТО зема учество претседателот на Собранието, како претставник на Вреди. Колку што сум запознаен тој денеска изутрина патува таму, така што имаме претставник на Вреди, кој е претставник на самитот на НАТО во Вашингтон“, изјави Арбен Таравари од  коалиција Вреди.

Гаши веројатно ќе учествува на Парламентарното собрание на НАТО, кое ќе се одржи исто така во Вашингтон.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ