четврток, 24 октомври 2024

Хутите се заканија дека ќе напаѓаат и италијански бродови

Италија ќе стане легитимна мета ако учествува во нападите на Јемен, кажа во интервју висок функционер на јеменските Хути кои се поддржани од Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мохамед Али ал Хути, лидер на врховниот револуционерен одбор на Хутите, кажа за весникот Ла република дека Италија мора да биде неутрална во израелско-палестинскиот конфликт и да изврши притисок врз Израел да ги прекине нападите на Газа.

Додаде дека сопирање на војната во Газа е единствениот начин за постигнување мир во регионот.

Италија во петокот соопшти дека нејзин адмирал ќе командува со поморската мисија на Европската Унија во Црвено Море, на која ѝ се придружила за да ги заштити комерцијалните бродови од напади на јеменските бунтовници.

Мандатот на мисијата, која ќе почне кон средината на февруари, ќе биде заштита на комерцијалните бродови и пресретнување на нападите, но нема да учествува во нападите на Хутите, кажа високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жосеп Борел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ