понеделник, 21 октомври 2024

Хутите погодиле американски брод па порачале: Блокадата на Црвено Море ќе трае до завршувањето на војната во Газа

Јеменските бунтовници Хути соопштија синоќа дека погодиле американски воен брод во мореузот Ба бел Мандеб, кој се обидувал да заштити два американски комерцијални брода.

 

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува, воениот брод бил директно погоден, а двата комерцијални брода биле приморани да се повлечат од тоа подрачје, пренесува Ал џезира.

„Неколку наши балистички проектили ги погодија своите мети, и покрај обидите на воените бродови да ги пресретнат“, истакнаа Хутите во соопштение.

Додадоа дека „блокадата на израелското пловење“ во Црвено Море ќе трае сè до прекинот на војната во Појасот Газа.

Компанијата Маерс соопшти дека нападнатите бродови превезувале товар на американското министерство за одбрана и Стејт департментот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ