понеделник, 21 октомври 2024

Хуманитарна помош од Египет влезе во Газа, Хамас тврди дека нема да се сменат катастрофалните здравствени услови

Камиони со хуманитарна помош почнаа денес да влегуваат преку граничниот премин Рафа од египетска страна во палестинската енклава Газа, изјавија безбедносен извор и функционер на Црвената полумесечина за агенцијата Франс прес.

Објавено на

часот

Сподели

Египетската државна телевизија покажа повеќе камиони како ја преминуваат големата капија на границата, на 15-от ден од војната меѓу Израел и Хамас, кој е на власт во Газа.

Повеќе тони хуманитарна помош со денови се трупаа во очекување на отворање на преминот за помошта да може да им биде доставена на 2,4 милиони жители на Газа кои се под блокада и оставени без вода, струја и гориво.

Повеќе од 200 камиони со околу 3.000 тони помош, кои со денови стоеја на преминот почнаа да влегуваат во Газа, јавува Асошиејтед прес.

Израел воведе опсада на територијата и почна бранови воздушни напади по упадот на милитантни на Хамас во јужната израелска територија на 7 октомври.

Отворањето на преминот следело само неколку часа откако Хамас ослободи две Американки, мајка и ќерка, како први од 200 заложници кои милитантите на Хамас ги грабнале по упадот во Израел. Не се знае дали двата настани се поврзани.

Канцеларијата на Хамас за медиуми соопшти денес дека камионите со помош „нема да ги сменат катастрофалните здравствени услови во Газа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ