вторник, 22 октомври 2024

Хрватски репрезентативци од НБА се степале во ноќен клуб во Атина (ВИДЕО)

Хрватските кошаркари Дарио Шариќ и Ивица Зубац биле инволвирани во тепачка во ноќен клуб во Атина, инцидентот се случил по поразот од Грција во квалификацискиот турнир за Олимписките игри.

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како НБА ѕвездите Дарио Шариќ и Ивица Зубац се тепаат со непознати лица во ноќен клуб во Атина.

Инцидентот се слулич по поразот на Хрватска од Грција во квалификацискиот турнир за Олимписките игри.

„За време на дружењето во еден од ноќните клубови, нашите кошаркари прво беа вербално нападнати, а потоа и физички нападнати, поради што мораа да се бранат. Тоа беше краток инцидент кој го прекинаа редарите во дискотеката“ – гласеше соопштението од Кошаркарскиот сојуз на Хрватска.

Медиумите пишуваат дека тепачката почнала кога Зубац влегол во жестока вербална расправија со некого, потоа Шариќ почнал да го брани, но набрзо добил удар поради кој паднал на земја и останал без свест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ