недела, 14 јули 2024
Лига на нации

Хрватска преку Холандија до финалето од Лигата на нации (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Холандија е домаќин на завршниот натпревар од Лигата на нации, но следниот меч кој ќе го игра ќе биде за третото место.

Холанѓаните добро го почнаа мечот, во 34. минута Мален погоди за водство од 1-0.

По десет минути игра во вториот дел, Хрватска изедначи со гол на Крмариќ од пенал, а во 72. минута Пашалиќ реализира за комплетен пресврт и водство на коцкестите од 2-1.

Кога се чинеше дека Хрватска ќе го добие мечот, Ланг погоди во 96. минута, буквално со последниот шут на мечот. Беше 2-2, па се играа продолженија.

Во 98. минута Петковиќ постигна прекрасен гол од далечина за ново водство на Хрватска, а во 116. минута од пенал Модриќ ги постави конечните 4-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ