петок, 18 октомври 2024

Хрватска гласаше ЗА влегување во Европската Унија

Објавено на

часот

Сподели

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ го пушта своето „европско“ ливче

Според Државната изборна комисија, со изброени 38 отсто од гласовите, 67 отсто гласале „За“ станување 28 членка на Унијата, повеќе од две децении по излегувањето на Хрватска од социјалистичка Југославија.

Излезноста најверојатно нема да надмине 50 отсто од гласачкото тело, но не постои обврзувачки минимум за референдумот да биде валиден.

„Ова е голем ден за Хрватска и 2013 ќе биде пресвртница во нашата историја. Со радост го очекувам моментот кога цела Европа ќе стане мој дом“, изјави претседателот Иво Јосиповиќ по гласањето.

ЕУ ѝ понуди на Хрватска да стане нејзина 28. членка на 1 јули 2013, по завршувањето на седумгодишните напорни преговори за членство во јуни минатата година. Хрватска ќе биде втората поранешна југословенска република што ќе влезе во ЕУ, по Словенија во 2004.

Противниците тврдеа дека ова е погрешен момент за влегување во Унијата, поради должничката криза што му се заканува на еврото. Другите не беа сигурни што точно ќе значи членството за 4,3-те милиони жители на земјата.

Аналитичарите и власта најавуваа дека одбивањето на влез во ЕУ на земјата ќе ѝ го симне кредитниот рејтинг, ќе ги пишмани инвеститорите и ќе ги намали изгледите за брзо економско заздравување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ