сабота, 19 октомври 2024

Храна и пијалаци од старите тефтери на бабите можеше да се пробаат на саемот „Вкуси ја традицијата“

Вино, ракија, ајвар, ѓомлезе, мед, сирење, кашкавал, пита и уште многу други македонски производи, можат да се пробаат денеска во Градски парк, во Скопје, како дел од вториот по ред национален саем за храна и пијалаци „Вкуси ја традицијата“. На саемот присуствуваат над 400 изложувачи, мали производители на храна и пијалаци што презентираат 2.000 вкусни производи, приготвени по традиционални рецепти. Присутен беше половина од државниот врв, а нова дружба во Белград најави српската министерка за земјоделство Јелена Танасковиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот Љупчо Николовски рече дека главната цел е да се направи силна промоција на сѐ она што е наше домашно, македонско, локално, кое силно ќе одекне и ќе нѐ промовира глобално.

„Нашиот саем ја пишува својата приказна и знам дека ќе прерасне во долгогодишна традиција. И на секое спомнување кај сите нас секогаш ќе буди убави чувства, ќе остане во нашата меморија добрата енергија, шаренилото на бои кои извираат од секоја тегла, мирисите кои мамат од секоја тезга, вкусот на тазе испечена пита, на доброто вино и ракија, на насмеаните лица“, нагласи Николовски.

Овој саем, како што истакна министерот, има за цел да ја зачува традицијата, да останат засекогаш зачувани рецептите од нашите баби.

„Сите оние стари рецепти, запишани во тефтерите што се предавале од генерација на генерација, како дел од миразот на невестите, сите тие рецепти кријат богатство. Од нив извира љубовта со која нашите баби меселе домашен леб, правеле највкусна зимница, во старите казани се варела домашна ракија, се правело домашно вино. Сѐ има таму. И нашето минато и нашата иднина. Е тоа сѐ, денеска го имаме овде, распослано на тезгите на малите производители – чувари на традицијата, чувари на локалното, на домашното, на оригиналното“, подвлече министерот.

Пред присутните се обрати и министерката за земјоделство на Србија, Јелена Танасковиќ која ја најави и дружбата во Белград на „Отворен Балкан“ на големиот саем што ќе се одржи од 16 до 19 ноември.

д

„Она што сакам да го кажам, е колку е важно да соработуваме регионално со сите вас кои денеска сте овде, малите произведувачи што ја шират традицијата, ја чуваат традицијата и во секоја тегла и шише што сте ги произвеле, го донесете тоа што е најбогато во нашиот регион, а тоа се нашите вкусови, нашите стари рецепти и нашата добра кујна, што треба да ја негуваме и традиција што треба да ја шириме по целиот свет“, рече Танасковиќ.

Задоволство од настанот изрази и заменик амбасадорот на Германија во Скопје, Ото Граф според кого Македонија навистина има да понуди многу во однос на храна и пијалаци, која е, вели, силна страна од нејзиниот идентитет.

„За нас и политички, темата храна и земјоделство, претставува значајна за европското семејство. Семејството во коешто, се надевам, Северна Македонија наскоро ќе се приклучи“, рече Граф, нагласувајќи ја поддршката за настанов од Германското друштво за меѓународна соработка.

д

Обраќање имаше и премиерот Димитар Ковачевски кој, меѓу другото, рече дека денеска ја славиме традицијата, но, истовремено, како што изјави, ја испраќаме и пораката дека зголемување на домашното производство на земјоделски производи и храна, е, еден од најважните приоритети на Владата,

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ