сабота, 19 октомври 2024

Хондурас поднесе барање за членство во Новата развојна банка на БРИКС

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателката Сиомара Кастро се сретна во Шангај со шефицата на Новата развојна банка на БРИКС Дилма Русеф, која официјално го прими барањето на Хондурас за влез во организацијата“, се наведува во објавеното соопштение.

Како што е прецизирано, во следните денови ќе биде формирана техничка комисија на владата која ќе го почне процесот на пристапување.

Политичката одлука за формирање на Новата развојна банка во рамки на БРИКС беше донесена во 2013 година на самитот во Јужна Африка. На следниот самит во Бразил во 2014 беше потпишан договорот за формирање на банката. Таа официјално почна со работа на 7 јули 2015 година.

Главна задача на институцијата е финансирање инфраструктурни и проекти за одржлив развој во земјите членки на БРИКС и земјите во развој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ