недела, 21 јули 2024
Откако одигра 119 брилијантни минути против нив

Холандски новинари му го бараа пасошот на Модриќ, да видат дали навистина има 37 години

Објавено на

часот

Сподели

Холандските новинари се чудеа на перформансот на Лука Модриќ со оглед на неговата возраст. Во микс зоната еден од новинарите му рече: „Дајте ми го вашиот пасош ве молам, сакам да го проверам. Неверојатно е да имате 37 години и вака да играте и да трчате се до 119. минута“.

Модриќ се насмеа на тоа и врати: „Нема проблем, ако сакате ќе ви го покажам пасошот по интервјуто. Да, мојот пасош покажува дека сум стар колку што рековте. Што да кажам? Навивачите ми даваат толку љубов и почит што е неверојатно и затоа и на оваа возраст ми е задоволство да играм“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ