вторник, 22 октомври 2024

Холандија испраќа помош за поплавеното подрачје во Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Правиме сѐ што можеме за да ѝ помогнеме на Украина во овој случај. Страшно е тоа што се случи“, рече во изјавата холандската министерка за развој Лиесје Шрајнемахер.

Помошта, која ќе биде испратена во најкраток можен рок, вклучува 32 чамци за спасување, 15 пумпи за вода и 180 елеци за спасување, соопшти Министерството за развој и надворешна трговија.

Уривањето на браната, под руска контрола на југот на окупирана Украина, предизвика поплава од големи размери во која има загинати и повредени.

Илјадници луѓе беа евакуирани. Многумина се снаоѓаа сами бегајќи пред водата.

Русија, која Украина во вторникот веднаш ја обвини дека ја кренала браната во воздух за да го прекине сообраќајниот пат кон Крим, напротив тврди дека тоа е „варварски“ чин на Украинците.

Москва во четвртокот пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) изјави дека Киев ја урнал браната Каховка со „масивни“ артилериски напади и ја обвини украинската влада дека кажува „вистински лаги“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ