вторник, 22 октомври 2024

Хезболах објави видео со порака: „Го чекаме петок“ (ВИДЕО)

Либанската шиитска милитантна група Хезболах објави на социјалните мрежи кратко видео со пораката „Го чекаме петок“.

Објавено на

часот

Сподели

Во видеото Хезболах најавува обраќање на својот лидер Сајед Хасан Насралах кое е закажано за петок, 3 ноември, на церемонијата на одбележување на сечавањето на „мачениците кои паднале на патот за Ал Кудс“. Се очекува Насралах во говорот да ја објави политичката стратегија која Хезболах ќе ја води во иднина.

Борците на Хезболах во повеќе наврати преземаа одговорност за нападите на Израел, кој одговори со бомбардирање на прекуграничните села.

Во соопштение Хезболах порача дека дејствува во знак на солидарност со офанзивата на палестински Хамас на Израел. Во последните недели конфликтите на Хезболах со Израел се чести. Според последните информации во тие судири се убиени седум израелски војници и 47 борци на Хезболах.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ