вторник, 22 октомври 2024

Хезболах: Ниедно место во Израел нема да биде поштедено во случај на напад на Либан

Лидерот на либански Хезболах, шеикот Хасан Насрала, предупреди дека „ниедно место“ во Израел нема да биде поштедено од нивните проектили ако израелските лидери ги спроведат во дело своите закани дека ќе го нападнат Либан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Насрала му се закани и на Кипар: „Отворањето на аеродромите и кипарските бази за израелскиот непријател за да го напаѓа Либан би значело дека кипарската влада е соучесник во војната“.

„(Израелскиот) непријател совршено знае дека сме спремни на најлошото. Знае дека ниедно место нема да биде поштедено од нашите проектили“, кажа Насрала во говорот.

Израелската војска објави вчера дека одобрила планови за офанзива на Либан поради интензивирањето на прекуграничните конфликти со Хезболах во контекст на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

Лидерот на Хезболах кажа дека во случај на војна Израел „треба да очекува напади од копно, море и воздух“. Кажа дека Хезболах има повеќе од 100.000 мажи спремни за борба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ