вторник, 22 октомври 2024

Хезболах изврши одмазднички напад врз Израел со ракети и дронови

Либанскиот Хезболах денеска соопшти дека лансирал ракети и вооружени дронови врз девет израелски воени локации во координиран напад, интензивирајќи ги непријателствата на јужната граница на Либан втор ден по ред. Нападите беа извршени како одмазда за израелскиот напад во вторникот во кој беше убиен висок командант на Хезболах на терен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Групата преку соопштение за медиумите објави дека истрелала ракети Качуша и Фалак врз шест локации на израелската армија.

Нивната телевизија Ал-Манар извести за повеќе од 100 ракети истрелани одеднаш. Хезболах во соопштение рече дека лансирал и дронови врз седиштето на израелската северна команда, штабот на разузнавачката служба и касарната.

Безбедносен извор за Ројтерс изјави дека биле истрелани најмалку 30 нападни дронови одеднаш, најголемиот напад со дронови на групата досега во осуммесечната војна.

Хезболах, поддржан од Иран, и Израел разменуваат оган од почетокот на војната во Газа во октомври, но тензиите нагло се зголемија во изминатите два дена откако во израелски напад загина командант на Хезболах.

Групата објави дека денешниот напад е одговор на атентатот на командантот на Талеб Сами Абдалах. Таа веќе изврши најмалку осум напади како одмазда во средата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ