вторник, 22 октомври 2024

Харис: Вашингтон нема апсолутно никаква намера да испрати своја војска во Израел или Газа

Американската потпретседателка Камала Харис рече дека Вашингтон „апсолутно нема намера“ да испраќа борбени трупи во Израел или Газа поради стравувањата од поширок регионален конфликт.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние немаме апсолутно никаква намера, ниту планови, да испратиме војска во Израел или Газа“, рече Харис во интервју за Си-би-ес што се емитуваше во неделата.

Харис, која е добро запознаена со кризата на Блискиот Исток, вели дека тесно се придржува до пристапот на претседателската администрација, а тоа е да го поддржи Израел да се брани, но во исто време да се заштитат цивилите.

„Според повеќето проценки, најмалку 1.400 Израелци се убиени. Израел, без никакво сомневање, има право на самоодбрана. Исто така, многу е важно да се разделат Хамас и палестинскиот народ, кој заслужува еднакви мерки на безбедност, самоопределување и достоинство. Бевме многу јасни кога рековме дека мора да се почитуваат правилата на војната и дека хуманитарната помош мора да се дистрибуира непречено“, истакна американската потпретседателка.

Поради загриженоста дека конфликтот може да се прошири надвор од Појасот Газа, Харис го повтори предупредувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден до Иран да не се меша.

„Немојте. Еден збор. Многу јасен“, рече Харис.

Во вториот дел од интервјуто Харис ги отфрли прашањата за возраста на Бајден, кој на 20 ноември ќе наполни 81 година, односно дали ќе остане здравствено витален до следните избори, во ноември следната година.

„Немам време за нагаѓања за тоа кој демократ би можел да го замени. Воопшто нема да се занимавам со тоа, бидејќи Бајден е многу витален и се кандидира за реизбор“, рече Харис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ