вторник, 22 октомври 2024

Харадинај во Пентагон бара членство на Косово во НАТО

Претседателот на партијата Алијанса за иднина на Косово Рамуш Харадинај, во рамки на посетата на Соединетите Американски Држави, се сретнал со главниот директор за Европа и политиката на НАТО Антон В. Буланд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Харадинај на Фејсбук објави снимка од приемот во Пентагон и напиша дека сака да го почне процесот на членство на Косово во НАТО.

„Голема чест е повторно да се посети Пентагон и да се сретне со Антон В. Буланд, високиот секретар за Европа и НАТО во Канцеларијата на секретарот за одбрана. Ја искористив приликата да му се заблагодарам на Буланд за големата посветеност и поддршката која војската и американската влада веќе 25 години му ја пружаат на Косово и неговите институции, особено во помошта дадена за јакнење на војската на Косово“, наведе Харадинај.

Тој напиша дека побарал да се „воспостави стратегиски дијалог за билатералните прашања меѓу двете земји, истовремено кога ќе дојде до членство на Косово во НАТО“, пренесува Газета експрес.

Харадинај додаде дека Косово и неговата војска се спремни да бидат членки рамо до рамо со Америка и другите земји во западниот воен пакт.

Харадинај на првиот ден од посетата на САД се сретнал и со Габриел Ескобар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ