Македонија одигра фантастичен меч во Полска и се враќа со триумф од 96-71. Нено Димитријевиќ имаше брилијантна партија, беше убедливо најдобриот кошаркар на теренот.
Пофалби стигнаа и од Хап кој брзо се прилагоди во нашата селекција и стана клучен играч.
„Селекторот одлично нѐ подготви за натпреварот, особено кога противникот ја менуваше одбраната. Кога имаш плејмејкер како Нено, треба само да му ја додадеш топката и да играш, импресивно беше да се гледа“, вели Хап.
„Како што рече и селекторот, секој кој се појави на теренот имаше удел во денешната победа“.