недела, 14 јули 2024

Хаос во Русија: Нападната синагога, терористи пукаа со автоматски пушки, има мртви (ВИДЕО)

Денеска имало напад на црква и синагога во градот Дербент, во Република Дагестан, соопшти шефицата на прес-службата на Министерството за внатрешни работи на Дагестан, Гајана Гариева, додека напад имало и во Махачкала, како што пренесува Риа Новости, каде непознати лица пукале кон сообраќајната полиција.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Во инцидентот загинал најмалку еден полицаец и имало неколку ранети, соопшти полицијата, додавајќи дека властите сѐ уште се обидуваат да добијат повеќе информации за жртвите.

Осомничените се оддалечиле со бело Фолксваген Поло, соопшти полицијата и додаде дека во моментов трага по возилото.

Како што објави украинскиот канал „Канал 5“ на платформата Икс, напаѓачите кои денеска отворија оган во Дагестан биле забележани како пукаат на улица, додека еден од напаѓачите влегува во полицискиот автомобил и претура по работите.

Во престрелка меѓу непознати напаѓачи и руски безбедносни сили во Махачкала, загинаа 5 полицајци, 9 се ранети – се наведува под споделеното видео.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, во црквата биле убиени две лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ