сабота, 19 октомври 2024

Хаос во албанскиот парламент: активираа димни бомби, превртуваа столици (ВИДЕО)

Албанската опозиција на вчерашната пленарна седница успеа да ја блокира работата на парламентот така што запали димни бомби. Ова е втор пат пратениците на албанската Демократска партија во парламентот да запалат димни бомби, откако пред две недели на ист начин ја блокираа расправата за буџетот.

Објавено на

часот

Сподели

Пленарната седница, на која на дневниот ред беа проблемите на граѓаните, уште повеќе ги актуелизираше проблемите на парламентарните партии, каде опозицијата и понатаму го обвинува мнозинството дека ѝ го одзела правото на парламентарна истрага. Републичката гарда презела повеќе мерки за да спречи пратениците да внесуваат запаливи предмети во салата на парламентот, детално проверувајќи ги пратениците.

Контролата на редарите успеала да спречи пратениците да внесат голем дел од димните бомби, пренесува Си-ен-ен на албански, но демократите сепак успеале да запалат четири во салата. Социјалистите се обиделе да ги продолжат разговорите без оглед на ситуацијата, што, како што се чини, ја загрижило опозицијата.

На средината на салата опозицијата поставила барикада од столици, која пратеникот Фљамур Нока се обидел да ја запали, што резултирало со прекин на расправата. Поради постапките на демократите интервенирала полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ