понеделник, 21 октомври 2024

Хамас: Потребен е прекин на огнот пред да се ослободат заложниците

Претставник на Хамас во Москва наводно рекол дека израелските заложници што се држат во Газа не може да бидат ослободени додека не се договори прекин на огнот, пишува рускиот весник Комерсант.

Објавено на

часот

Сподели

Весникот го цитираше Абу Хамид, член на делегацијата на Хамас што ја посети руската престолнина, дека на групата ѝ треба време да ги пронајде оние што биле киднапирани на 7 октомври.

Делегација на Хамас во моментов е во посета на Москва, на разговори за ослободување на странските заложници, меѓу кои има и руски државјани.

Русија има врски со сите клучни играчи на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Израел, Иран, палестинската управа и Хамас. Москва постојано го обвинуваше неуспехот на американската дипломатија за конфликтот.

Два американски воени авиони денеска нападнаа објекти за оружје и муниција во Сирија како одмазда за нападите врз американските сили од милициите поддржани од Иран, додека расте загриженоста дека конфликтот меѓу Израел и Хамас може да се прошири низ Блискиот Исток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ