петок, 25 октомври 2024

Хамас: Никој не знае колку заложници сè уште се живи

Судбината на 120-те преостанати заложници во Газа е клучна за секој договор за завршување на долготрајниот и крвав конфликт меѓу Израел и Хамас. Но, високиот функционер на Хамас Осама Хамдан рече дека никој не знае колку израелски заложници сè уште се живи и дека секој договор за нивно ослободување мора да вклучува гаранции за траен прекин на огнот и целосно повлекување на израелските сили од Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Немам поим за тоа. Никој нема поим за ова“, изјави Хамдан за Си-ен-ен.

Зборувајќи за Си-ен-ен во либанскиот главен град Бејрут Хамдан рече дека Израел мора да се согласи на целосен прекин на огнот пред да се одржат какви било преговори за ослободување на заложниците.

Хамдан изјави дека на Хамас му треба „јасна позиција од Израел дека го прифаќа прекинот на огнот, целосно повлекување од Газа и да им дозволи на Палестинците сами да ја одредат својата иднина, обновата, укинување на опсадата“.

„Подготвени сме да разговараме за фер договор за размена на затвореници“, рече Хамдан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ