петок, 25 октомври 2024

Хамас ја претстави својата визија за мировен договор

Палестинската милитантна група Хамас објави дека ја претставила својата „визија за мировен договор, кој се заснова на запирање на израелската агресија врз Палестинците во Појасот Газа“ пред посредници и САД во потенцијалниот договор со Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во првата фаза е вклучено ослободување на израелски жени, деца, постари и болни заложници во замена за ослободување на 700-1000 палестински затвореници, според предлогот што го видел Ројтерс. Вклучено е и ослободувањето на израелските „жени регрути“.

Предлогот предвидува и ослободување на 100 палестински затвореници кои отслужуваат доживотна казна затвор во израелските затвори.

Потоа би бил одреден рок и датум за израелското повлекување од Газа, се наведува во предлогот.

Тие изјавија и дека бараат помош и враќање на раселените Палестинци во своите домови.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека новиот предлог за примирје во Појасот Газа, кој претставниците на Хамас го претставија пред посредниците, „сè уште се заснова на нереални барања“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ