понеделник, 21 октомври 2024

Хамас ги користел телефонските линии инсталирани во тунелите за да ги планира нападите врз Израел

Мала група оперативци на Хамас ги планираше ненадејните, смртоносни напади врз Израел со комуникација преку мрежата на жичени телефони вградувани во подземните тунели во Појасот Газа во период од две години.

Објавено на

часот

Сподели

Телефонските линии во тунелите им овозможиле на оперативците тајно да комуницираат меѓу себе и не можело да бидат следени од израелските разузнавачи, според два извори на кои се повикува Си-ен-ен.

За време на двегодишното планирање, малата ќелија што оперирала во тунелите ги користела тие телефонски линии за да ја планира операцијата, но ја држела во тајност додека не дојде време да се активира и да повика стотици борци на Хамас да ги извршат нападите на 7 октомври.

Тие избегнувале да користат компјутери и мобилни телефони за да избегнат откривање од израелските или американските разузнавачи.

Хамас го криел своето планирање на операцијата користејќи стари контраразузнавачки методи и се обидувал да не користи дигитални комуникации што Израелците би можеле да ги следат.

САД и Израел беа целосно изненадени од нападите. Стотици екстремисти на Хамас влегоа на јужната израелска територија преку пробиената гранична ограда и убија најмалку 1.400 луѓе, главно цивили.

Си-ен-ен разговарал со добро информирани извори, но не видел докази, а САД и Израел не одговориле на барањата коментар за извештајот.

Американската телевизиска мрежа претходно објави дека низата стратегиски предупредувања од американските и израелските разузнавачи не ги навеле лидерите на двете страни да ги предвидат настаните од 7 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ